23.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Кјеза: Сакам да останам во Ливерпул

Италијанскиот напаѓач Федерико Кјеза проговори за својата иднина откако беше стрелец на третиот гол за Ливерпул во победата (4-2) над Борнмут во првото коло од Премиер лигата.

„Многу сум среќен во Ливерпул. Ќе разговарам со клубот, но мојата желба е да останам тука и да се борам за освојување на многу трофеи“, изјави италијанскиот репрезентативец.

Кјеза летово беше поврзуван со повеќе европски клубови, пред сѐ за враќање во Серија А, но сепак остана дел од актуелниот шампион на Англија.

- Оглас -

Најнови вести