Федерико Кјеза е име кое последниве денови се споменува како можна принова во Јувентус.
Како што открива „Газета дело спорт“, тоа е Италијанецот, во кој менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, нема доверба и ретко го користи дури и сега, кога Салах е со националниот тим, а повредени се Исак и Гакпо.
Кјеза би можел да го напушти „Енфилд“ во јануарскиот преоден рок и да се врати во Серија А.
Тој е на цена во Италија, ова лето беше поврзуван со Наполи, потоа со Фиорентина, но преговорите пропаднаа. Јуве сака да ги засили крилните позиции, а Кјеза им е добро познат играч, играше за Старата дама пред да замине во Ливерпул во летото 2024 година.
Јувентус би го довел Кјеза само на позајмица, без задолжителен откуп налето.

