Кјеза се враќа во Серија А, италијанските гиганти во битка за неговиот потпис

Авантурата на Федерико Кјеза во Ливерпул ќе заврши после само една сезона, иако фудбалерот има договор до 2028 година. Италијанецот пред крајот на преодниот рок минатото лето се пресели од Јувентус во Ливерпул за 12 милиони евра.

Сепак, во дресот на „црвените“ забележа само 12 настапи, а на терен мина 395 минути. Повредите не му дозволиа да го покаже својот квалитет, па налето ќе следи враќање во татковината.

Италијанските медиуми пренесуваат дека гигантите од Серија А веќе размислуваат за неговиот ангажман, а прв во редот е Интер. Кјеза е интересен и за Антонио Конте, но се ќе зависи дали тој ќе остане во Наполи или ќе се пресели во Милан или ЈУвентус. Секако, сите три екипи се опции, пред се поради желбата на Конте.

Последната екипа која размислува за ангажман на Кјеза е Рома.

- Оглас -

Најнови вести