Во најголем дел од европските земји завршија фудбалските возбудувања, но шпанските второлигаши уште активно се борат за влез во Примера дивисион. Овиедо обезбеди место во финалето на плејофот откако по двата меча ја елиминира Алмерија.
Овиедо на првиот меч славеше на гости со 2:1, а синоќа на свој терен го играше реваншот. Алмерија поведе со 1:0 благодарение на голот од пенал во 24-тата минута.
На почетокот од второто полувреме тренерот на Овиедо, Вељко Пауновиќ, во игра го внесе искусниот Санти Касорла. Легенданиот 40-годишен Касорла само за неколку минути ја покажа класата и постигна прекрасен гол од слободен удар за израмнување на 1:1.
Токму тој гол на Касорла на крајот се покажа како доволен за Овиедо на крајот да се радува на пласман во финалето од плејофот.
Real Oviedo [1]-1(3-2) Almeria – Cazorla free kick 49′
byu/keaneobserver insoccer
Со 40 години и 180 дена, Касорла стана најстариот стрелец во историјата на доигрувањето за пласман во Примера дивисион.
Вечерва се игра реванш-дуелот од второто полуфинале меѓу Мирандес и Расинг Сантандер. Првиот меч меѓу овие два тима заврши нерешено 3:3.
♾️ ETERNO 8️⃣
🧙♂️ HO SANTI CAZORLA 💙#LaLigaHighlights #RealOviedoAlmería 1-1 #DíadePartido#RealOviedo 🔵⚪ pic.twitter.com/uuy7h43oKo
— Real Oviedo (@RealOviedo) June 11, 2025