Некогашната англиска фудбалска суперѕвезда, Дејвид Бекам, одамна не е веќе активен играч, сега е сопственик на клубот Интер од Мајами, кој се натпреварува во МЛС лигата во САД, но покажа дека не заборавил да игра фудбал.
Легендата на Манчестер јунајтед покажа дека нема стари и млади, туку добри и не толку добри играчи. Иако има 45 години, не му беше проблем да им продаде финти на помладите и да ги потсети кој беше тој на времето.
На Бекам му завидуваат и на фигурата и физичката форма бидејќи одамна не ги применува суровите режими на професионален спортист.
https://twitter.com/i/status/1350041116696076290