Класата е вечна: Лазаров со гол во последните секунди го спаси Нант од пораз (Видео)

Кирил Лазаров и на 40 години покажа дека е играчот кој ги решава натпреварите кога е најнеизвесно. Капитенот на македонската ракометна репрезентација, а и воедно селектор, блесна на клупско ниво.

Лазаров даде гол во последните секунди на гостувањето кај ГОГ и го спаси неговиот Нант од пораз, во меч од петтото коло во Европската лига. Нант губеше со 29:28, а во последниот напад гостите решија да нападнат преку Лазаров и не згрешија.

Со проектил од девет метри, Лазаров ја затресе мрежата на домаќините и донесе бод на францускиот тим. На крајот македонскиот репрезентативец даде пет гола на овој меч.

- Оглас -

Најнови вести