Класата е вечна – Левандовски ќе се обиде, но рекордот на Герд Милер изгледа недостижен

Роберт Левендовски го постигна 221. гол во Бундеслигата, вчера против Фрајбург и го мина Јуп Хејнкес на вечната листа со најдобри стрелци во германското првенство.

Полјакот сега има 221 гол на третото место, зад легендата Герд Милер и зад Клаус Фишер. Во топ-5 се и Хејнкес, сега на четвртата позиција со 220 гола и Манфред Бургсмилер со 213.

Герд Милер е на врвот со неверојатни 365 гола на 427 меча што ги одигра во Бундеслигата исклучиво во дресот на Баерн. За Левандовски достижно изгледа второто место на Фишер, кој има постигнато 268 погодоци на 535 бундеслигашки натпревари за Минхен 1860, Шалке 04, Келн и Бохум.

Милер има најдобар ефект на голови и минутажа и на секои 105 минути даваше гол за Баерн. Зад него е Левандовски со просек од 110 минути за погодок во дресот на двата гиганти Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

Во десетката на вечната листа со најдобри стрелци во Бундеслигата се и Клаудио Пизаро со 197 погодоци, Улф Кирстен со 182, Штефан Кунц со 179, Дитер Милер со 177 и Клаус Алофс со 177 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести