Пеџа погодува како од шега. Легендата на српската кошарка и поранешен НБА играч, Пеџа Стојаковиќ покажа дека класата е вечна, а дека неговата прецизност не ја загубил иако кариерата ја заврши пред осум години.
На еден тренинг на Сакраменто кингс, каде што Стојаковиќ моментално работи како директор за развој на екипата, популарниот Пеџа ја зеде топката и погоди 11 тројки од исто толку обиди. Сето тоа ќе звучеше нормално, ако Стојаковиќ не беше облечен во кошула и панталони и се загрешее пред да ја изведе мајсторијата.
Ниту на Немања Бјелица не му се веруваше што прави неговиот постар сонародник.
https://twitter.com/SacramentoKings/status/1198337290399031297?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1198337290399031297&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FKosarka%2FNBA%2Fa315492-Klasa-vecna-On-sipa-kao-nekad-a-Bogi-i-Beli-gledaju.html