Порто со 2:0 го совлада Антверпен во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а дефанзивецот Пепе влезе во историските книги на најелитното клупско натпреварување.
Португалецот во првата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат и стана најстариот стрелец во историјата на ЛШ со 40 години и 254 дена.
Пепе воедно стана и првиот фудбалер во историјата на ЛШ кој со 40 години постигнал гол.
Досегашниот рекорд за најстар стрелец во историјата на ЛШ го држеше Франческо Тоти со 38 години и три дена.