Класата е вечна, Подолски даде гол со шут од својата половина (Видео)

Поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски (37 години) постигна вистински еврогол со шут од својата половина и покажа дека класата е вечна.

Подолски голот го постигна во 73-та минута на мечот кој неговиот Горник го доби со 4:1 против Погон.

Тој да зеде топката по добриот потег во одбрана на негов соиграч и забележа дека голманот на Погон, Бартож Клебанијук е далеку од гол линијата, шутна од својата половина и погоди. Обидот на голманот Клебанијук да дојде до топката, го направи голот уште поубав.

https://twitter.com/i/status/1588972413810679808

 

- Оглас -

Најнови вести