Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ докажа уште еднаш дека уште има убиствена лева нога. Иако има веќе 52 години и одамна не игра, српскиот тренер доби предизвик од млад навивач на Болоња, и успеа да го исполни.
Михајловиќ е еден од најдобрите реализатори на слободни удари во историјата на фудбалот, се излечи од леукемија и успеа со нога да даде кош и тоа од прв обид. Детето по име Томазо, од трети обид даде кош со шут на фудбалска топка, и го предизвика Србинот.
„Избра погрешен човек за предизвик. Не ми требаат три обиди, туку само еден“ – рече со насмевка Михајловиќ, и навистина погоди од прва.