Класата вечно трае, Роналдо е меѓу тројцата фудбалери со најмногу одиграни натпревари во кариерата (Фото)

Кристијано Роналдо со вчерашниот настап за Ал-Наср во саудискиот Кралски куп против Ал-Етифак (1:0) се најде на делба на третото место на фудбалери кои одиграле најмногу натпревари во кариерата. Вчерашниот меч за Роналдо беше вкупно 1.192-ри меч во неговата кариера според Институтот за фудбалска историја и статистика.

Роналдо професионалната кариера ја започна 2002 година во Спортинг Лисабон, а потоа го носеше дресот и на Манчестер јунајтед (двапати), Реал Мадрид, Јувентус и сега е член на Ал-Наср.

Тој има одиграно 677 официјални натпревари во националните лиги, 72 меча во националните Купови, 24 во лига куповите и Супер куповите, 215 меѓународни клупски натпревари и има 203 настапи за португалската репрезентација.

Доколку ги избегне повредите, до крајот на сезоната Роналдо може да избие и на првото место на фудбалери со најмногу настапи во кариерата бидејќи актуелниот лидер Рожерио Сени има 1.225 меча, додека легендарниот англиски голман Питер Шилтон има 1.217.

Во професионалната кариера 1.192 меча има и бразилскиот голман Фабио Масиел, кој моментно брани за Флуминенсе.

Од останатите активни фудбалери, Дани Алвес се наоѓа на деветтото место со 1.056 меча, додека Лионел Меси е 12-ти со одиграни 1.045 меча во професионалната кариера.

- Оглас -

Најнови вести