Дерби-дуелите помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс секогаш предизвикваат тензија на теренот и на трибините, а не беше исклучок и синоќешното Суперкласико. Ривер, кој е лидер на табелата во аргентинската лига, победи со 1-0, и тоа со гол од пенал во 93-та минута и тогаш почна хаосот.
Палавесино славеше неспортски во лицето на Фигал, а реагираше голманот Ромеро и така настана мешаницата.
На терен влетаа и резерви, не се знаеше кој кого удира, а откако некако се смирија страстите, на судијата му требаа десет минути да гледа снимка и да утврди што се случило. Исходот беше седум црвени картони, од кои четири за играчи на Бока, а три за фудбалери на Ривер.
Инаку, првпат во историјата се случи еден од овие два тима да победи со 1-0 во лигашки меч со гол од пенал и плус никогаш порано не се случило толку доцна да биде даден гол за победа.