Класика: во финалето ќе играат селекциите кои заедно имаат 11 титули на 14 европски првенства

Норвешка беше подобра од Франција со 28-20 во полуфиналето на Европското првенство за ракометарки, и ќе се обиде да ја освои својата деветта континентална титула на 15 одржани европски шампионати во историјата.

Норвежанките имаа само еден гол предност после 30 минути игра, но во второто полувреме го скршија отпорот на Франција од која 22 години не знаат за пораз на меч од ЕП, па во Љубљана ќе играат финале против стариот ривал Данска. Овие две селекции последен пат се сретнаа во финале пред 18 години, тогаш победи Норвешка, а две години претходно се радуваа Данките.

Французинките во дуелот за трето место ќе се борат против Црна Гора.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести