Норвешкиот крос кантри скијач, Јоханес Клебо, го освои својот деветти златен олимписки медал во кариерата и стана најуспешниот спортист во историјата на Зимските олимписки игри.
Клебо кој има 29 години, стана апсолутен рекордер во историјата откако со норвешкиот тим победи на освои штафетата 4×7,5 км во нордиско скијање.
Осумкратни олимписки шампиони во зимските спортови беа биатлонецот Оле Еинар Бјорндален и крос кантри скијачите Бјорн Дели и Марит Бјорген (сите од Норвешка).
Денеска голема причина за славје имаше и италијанската скијачка Федерика Брињоне која откако победи во суперџи, сега триумфираше и во велеслалом. Тоа се нејзини први олимписки злата во кариерата и тоа сега кога има 35 години, на домашен терен, а лани имаше скршена нога и дури неодамна се врати на патеките.
Второто место го поделија Сара Хектор и Теа Луис Стјернесунд, кои ѝ се поклонија на Брињоне кога Италијанката мина низ целта со 62 стотинки подобро време од нив.


