Некогашниот боксер Витали Кличко, а сега градоначалник на Киев, на Светскиот економски форум во швајцарски Давос, даде изјава која во српските медиуми се толкува какои срамна.
Кличко во интервју кое му го даде на албански новинар од швајцарски портал, тој им се заблагодари на Косово и Албанија за поддршката кон украинскиот народ и рече дека „Украинците се борат против рускиот окупатор како што Албанците некогаш се бореа против српскиот окупатор“.
„Сум чул дека и вие Албанците на Балканот, како и ние Украинците, сме луѓе на мирот, слободољубиви, но и борци. Се бориме против рускиот режим кој се обидѕва да ја окупира Украина, како што вие некогаш бевте окупирани од Србија. Им благодарам на Косово, на Албанците за поддршката. Како што вие сте ослободени од Србија, и ние ќе се ослободиме од Русија“ – рече Кличко кој со оваа изјава ги „нокаутираше“ Србите.