Прославениот боксер, а сега градоначалник на Киев, Витали Кличко, од неодамна им се придружи на воените сили кои ја бранат земјата, и изјави дека има идеја кој би можел да помогне војната во Украина да заврши што е можно побрзо.
Кличко го поканил папата Франциск да дојде во Киев, и верува дека поглаварот на Римо-католичката црква би помогнало за смирување на војната.
„Веќе го повикав папата, му испратив официјално писмо. Би било многу силен сигнал ако тој се појави тука, таа посета би била многу важна и би имала огромна симболика. Тоа би донело мир во нашата земја, бидејќи папата е меѓународна личност, цел свет ги слуша неговите зборови“ – изјави Кличко.