6.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Клинсман: Англичаните имаат вроден страв да триумфираат на големо натпреварување

Поранешниот селектор на Германија, САД и Јужна Кореја, Јирген Клинсман, верува дека англиските играчи имаат вроден страв од освојување на големи трофеи. Во последните неколку години, Гордиот Албион двапати беше блиску до освојување на Европското првенство во 2021 и 2024 година, но губеше во финалињата од Италија и Шпанија. Овие две финалиња на ЕП се најголем успех за Англија во последните 60 години. Во далечната 1966 година, Англија на свој терен стгина до титулата на Светското првенство, што е нив прв и единствен голем трофеј на најважните натпреварувања.

Имаше многу моменти во двата натпревари за кои станува збор кога победата беше на дофат на Англија, но некаков вроден инстинкт за повлекување секогаш се покажа како пречка.

„Постои нешто во клучниот момент, како финалето на Европското првенство за кое зборуваме, што ги тера да се плашат од себе. Затоа што кога се блиску до победа во финалето, кога се токму таму, нешто во нивниот мозок се вклучува и вели: „О, не, не можеме да го направиме тоа“, изјави поранешниот напаѓач на Тотенхем за подкастот „Мажи во блејзерс“, каде што е водител на емисијата. „И таквото однесување им ја одзема вербата дека можат да го направат тоа токму сега“.

„Тие почнуваат силно, потоа се префрлаат на помала брзина и едноставно почнуваат да се бранат, наместо да го завршат натпреварот и да постигнат уште еден гол. Ако сакате да го освоите Светското првенство, мора да ризикувате. Не го освојувате Светското првенство само со одбрана. Можеби тоа е она што ѝ недостасува на Англија. Секој знае дека ако водите со 1-0, мора да постигнете втор гол и да го завршите натпреварот“, додаде Клинсман.

Англија сигурно е еден од најголемите фаворити за трофејот на следното Светско првенство во 2026 година, каде ќе бидат предводеник од сонародникот на Клинсман, Томас Тухел.

- Оглас -

Најнови вести