Клинсман: Да беа во Италија, Јамал и Мусијала веројатно би играле во Серија Б

Поранешниот германски репрезентативец и селектор, Јирген Клинсман даде свое мислење за случувањата ви италијанскиот фудбал и зошто Аѕурите трето Светско првенство по ред се надвор од елитата. Клинсман добро го познава италијанскиот фудбал затоа што како играч три сезони со успех настапуваше за Интер, а потоа кратко го носеше дресот и на Сампдорија.

По завршување на играчката кариера, Клинсман беше селектор на Германија, потоа предводник и на САД и Јужна Кореја. Од клупската тренерска кариера ги предводеше екипите на Баерн Минхен, Херта Берлин. Според Клинсман, Италија нема вистински лидер на теренот, но и фактот дека Аѕурите воопшто немаат доверба во младите талентирани фудбалери.

„Италијанската филозофија за фудбалот е да не загуби, победата не ги интересира толку многу. Италија ја плаќа цената на недостаток на лидер. Немаат играчи кои се технички добро подготвени и воопшто не веруваат на младите фудбалери. На пример, во Италија да играат Ламин Јамал и Џамал Мусијала тие веројатно би играле во некои екипи во Серија Б за да стекнат искуство“, вели Клинсман, додавајќи дека и тој бил разочаран кога видел дека Италија едноставно повторно остана без пласман на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести