Клиперс е како фаворит, но ќе загуби на теренот на кој домаќините имаат 20 победи во 21 меч

Мајами – ЛА клиперс (02:00 ч.)

Гостите ќе бидат без подолго време повредениот Пол Џорџ, а неизвесно е дали ќе настапи Беверли и тоа може да биде хендикеп на ова тешко гостување. И кај Мајами на повреди се жалат Батлер, Драгиќ и Нун.

Мајами има четири победи во последните пет меча, а интересно е што на последните две средби победи по продолжение, што го покажува победничкиот менталитет на тимот. И Клиперс е со четири победи во последните пет дуели.

На последните пет меѓусебни меча Мајами се радувал четирипати, а фактот дека и сега ја има предноста на домашен терен, каде што сезонава има 20 победи и само еден пораз, дава доверба на Жешките дека треба да се радуваат во дербито.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Минесота – Хјустон (02:00 ч.)

Хјустон периодов е во криза и загуби на пет од последните седум меча, па меч против слабата Минесота им е како нарачан за враќање на самодовербата. Волците го имаат најслабиот резултат на домашен терен во цела лига, па победија само шестпати во 21 дуел.

Минесота нареди седум порази по ред, но и со ваков лош резултат, уште има шанси за место во плејофот. На последните три меѓусебни меча, Ракетите имаа победи од 15 поени разлика, од 20 поени разлика и од 30 поени разлика, па сега гостите ќе победат барем со пет поени разлика.

Предлог тип: 2 хендикеп 4,5 поени (1.87)

 

Њу Орлеанс – Денвер (02:00 ч.)

Двете екипи имаат по неколку повредени играчи, а за гостите дополнителен проблем може да биде што ова ќе биде нивен четврти меч во шест дена. Меѓусебните дуели велат дека Њу Орлеанс четирипати во последните пет меча победил против Денвер, но гостите имаат многу подобар биланс сезонава во лигата.

Њу Орлеанс има само 8 победи во 22 меча на свој терен сезонава, а Денвер на гости е со позитивен биланс од 13 победи и 8 порази. Иако обложувалниците повеќе шанси им даваат на домаќините бидејќи се засилени со првиот пик на драфтот Зион Вилијамсон, очекуваме дека Денвер како поквалитетен тим ќе победи.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

Сан Антонио – Феникс (02:30 ч.)

Две екипи кои ќе се борат за осмото место на Западот. Сан Антонио влезе во низа од три победи, а Сонцата ги загубија последните два меча. И традицијата е на страната на Спарси кои победиле четири пати во последните пет меча против Феникс.

Предлог тип: 1 (1.62)

 

- Оглас -

Најнови вести