Клиперс и Ленард во хумана акција: Еден милион ученици во ЛА ќе добијат бесплатни ранци

Фондацијата на втората кошаркаска франшиза во Лос Анџелес, тимот на Клиперс, заедно со нивната нова ѕвезда Кавај Ленард ќе донираат еден милион училишни ранци во три градски училишта, од кои во едно од нив учел и Кавај. Ова го соопшти најкорисниот играч од минатосезонското финале во НБА-лигата при посетата на своето основно училиште.

Ленард ова лето се врати во родниот град, каде што прват ќе носи дрес на една од двете НБА-екипи, а смета дека со овој прекрасен гест ќе може дополнително да  придонесе за градот. Од таборот на Клиперс се горди што можат да им помогнат на учениците да бидат подготвени за новата училишна година, но и на семејствата со помали финансиски примања, што е примарна цел на нивната фондација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести