Гостувањето на Донован Мичел со Кливленд кавалирс во Солт Лејк сити против неговиот поранешен тим Јута џез е единствениот меч од НБА-лигата кој се игра вечерва, а на кој гостите се фаворити на хартија според квотите во Sport Life.
На четири меча, домашните се големи фаворити, а најнеизвесно се очекува да биде во Лос Анџелес, каде што на Клиперс им гостува Далас маверикс.
Неизвесно е дали ќе игра Лука Дончиќ, па од тоа ќе зависи и колкави се шансите на Дивите телиња за победа. Лука на последните три меча против Клиперс секогаш даваше 35 или повеќе поени. Маверикс победи со два поени разлика на последните две пресметки против Клиперс. Кај Клиперс најверојатно ќе го нема Пол Џорџ и тоа не е добро за тим кој има шест порази по ред.