Клиперс на неверојатен начин го шокираше шампионот, Филаделфија одигра четвртина како никој во последните 57 години (Видео)

Лос Анџелес клиперс го шокираше актуелниот шампион Голден стејт победувајќи на гостински терен со 135:131, во вториот меч од првото коло од плејофот на НБА-лигата. Со овој триумф, Клиперс израмни на 1-1 против најдобриот тим на Западот и најави интересна борба во трката до три победи.

Почетокот на мечот не навестуваше дека гостите од ЛА може да направат изненадување. Голден стејт имаше предост од 33:25 по првата четвртина, а на полувремето „воините“ стигнаа и до 73:50. Во третата четвртина предноста на домаќините достигна и до 94:63. Речиси никој не веруваше дека предноста од 31 поен на помалку од 20 минути до крајот нема да биде доволна за Голден стејт да победи, но Клиперс одигра меч за памтење. Во последните 19 и пол минути, гостите дадоа неверојатни 72 поени, а примија само 37 и на крајот стигнаа до победа во еден од најневеројатните пресврти во НБА-плејофот.

https://youtu.be/2i82nqx6RQ4

Вилијамс со 36 поени и 11 асистенции ги предводеше Клиперси, додека најефикасен кај Голден стејт беше Кари со 29 поени.

Филаделфија не дозволи нов кикс на свој терен, па славеше против Бруклин со 145:123 и израмни на 1:1 во серијата подобар од пет. На полувремето „76-ките“ водеа само со 65:64, а третата четвртина ја започнаа фуриозно и со серија од 21:2 стигнаа до убедливо водство од 86:66. Водството на домаќините достигна и до 29 поени и тогаш беше јасно кој ќе победи на овој меч.

Во третата четвртина Филаделфија даде вкупно 51 поен. Тоа е за првпат по 1962 година еден тим да даде над 50 поени во една четвртина во плејофот. Последен пат тоа му успеа на ЛА лејкерс во петиот меч против Детроит, кога исто така даде 51 поен, а прими 30. Сега, по 57 години, повторно се случи едно такво чудо во една четвртина.

- Оглас -

Најнови вести