Интересни осум меча се одиграа ноќеска во НБА-лигата, а во градското дерби Лос Анџелес клиперс го победи Лејкерс со 125:118. За Клиперси ова беше 11-та победа во низа против соседот, а овојпат беше остварена во многу важен момент.
По 80 меча, Клиперс имаат 42 победи и 38 порази, додека Лејкерси останаа на 41 победа и сега се со 39 порази. Токму Клиперси се на шестото место на Западот, кое е последно што носи директен пласман во плејофот, додека Лејкерс најверојатно ќе треба да играат доигрување.
Далас славеше над Сакраменто со 123:119 и на тој начин тимот на Лука Дончиќ ги задржа минималните шанси дека сепак може да стигне до 10-тото место на Западот. Оваа победа на Далас значеше и голема радост за Денвер затоа што на тој начин оваа екипа сигурно го обезбеди првото место на Западот по регуларниот дел, и тоа за првпат во клупската историја.
На Истокот ситуацијата е многу појасна и веќе се познати дури петте екипи кои ќе играат во плејофот, а Бруклин, кој е шести, славеше на гости кај Детроит и веќе може да размислува за плјеофот.
Резултати: Детроит – Бруклин 108:123, Индијана – Њујорк 129:138, Атланта – Вашингтон 134:116, Бостон – Торонто 97:93, Милвоки – Чикаго 105:92, Њу Орлеанс – Мемфис 138:131 по продолжение, Далас – Сакраменто 123:119, ЛА клиперс – ЛА лејкерс 125:118.