Стеф Кари (ЛА Клиперс – Голден стејт вориорс, 04 часот – Шести меч од прва рунда – Вориорс води 3-2)
Првата ѕвезда на актуелниот шампион треба да блесне за Воините и да ги одведе чекор поблику до одбрана на тронот во НБА лигата. Иако Клиперс се покажаа како „тврд орев“ за актуелниот првак во НБА лигата, Стеф Кари ноќеска мора да одигра на претпознатливо, високо ниво и да го одведе Голден стејт чекор поблиску до одбрана на тронот.
Тимот од Ел – Еј се надева дека може да изнуди „мајсторка“, но очекувањата се дека Карис ќе ја надмине границата во вкупен учинок во поени, асистенции и скокови. Иако не му успеа во претходните четири средби, ѕвездата на Голден Стејт го направи тоа во првиот меч.
Предлог тип: С. Кари тотал поени+асистенции+скокови >39.5 (1.87)
(Единствениот играч од редовите на Вориорс кој редовно ја надминува границата во три статистики во серијата проитв Клиперс е Кевин Дурант, па доколку не ви се ризикува со Кари, можете да типувате вториот најдобар кошаркар на шампионот. Квотата е 1.95 за Дурант да има повеќе од 41.5 тотал поени+асистенции+скокови)
Њујорк ајлендерс – Каролина хурикејнс (01 часот – Прв натпревар, полуфинале Исток)
Островците имаат сериозни намери во овосезонските разигрувања во НХЛ лигата, тоа го најавија откако го елиминираа Питсбург пингвинс со 4-0 во првата рунда. Но, и Каролина не смее веднаш да се отпише, особено не откако го изненадија сè уште актуелниот првак, Вашингтон капитолс во „мајсторката“ и конечни 4-3 во првата рунда.
Во пресрет на овој меч Њујорк ја има фаворитската улога поради што играат на домашен терен, а треба да се знае дека во четирите меѓусебни средби од регуларниот дел од сезоната Ајлендерс имаат подобар скор со три победи и еден пораз против Каролина.
Предлог тип: 1 (2.20)
Сан Хозе шаркс – Колорадо аваланш (04 часот – Прв натпревар, полуфинале Запад)
Откако го елиминираше најдобриот тим од Западот (Калгари флејмс) во регуларната сезона, Колорадо ќе сака да го надигра и Сан Хозе и да приреди ново изненадување во разигрувањата. Ајкулите пак, беа подобри од вицешампионот Вегас голден најтс по седум меча во првата рунда, така што заморот, но и отсуството на неколку играчи поради повреда може да им ги помати сметките уште на отворањето од конференциското полуфинале.
Ако се земат во предвид настапите на двете екипи во првата рунда од плејофот, тогаш во овој дуел може да се очекуваат повеќе погодоци. Шаркс само еднаш во четирите победи над Вегас не успеа да даде пет гола, додека четири гола се просекот на Колорадо во дуелите против Калгари.
Предлог тип: >6.50 (2.40)
Пуелба – Тигрес (02 часот – Прва лига на Мексико, 16-то коло)
Тигрес е во битка за лидерската позиција на табелата, место на кое засега седи Леон со 38 бода, и имаат пет повеќе од второпласираната екипа. Ноќеска гостуваат кај Пуелба, екипа која често знаe биде „трн во око“ за шесткратниот мексички првак. Тигрес не го памети по добро последното гостување во Пуелба, загубија со 2-1, но треба да се земе во предвид дека претходно сезонава против овој тим славеа со високи 6-1 на домашен терен, меч во кој Французинот Андре Пјер Жињак имаше гол-шоу со четири погодоци.
Ниту учинокот на домашен терен не е во корист на Пуелба, на осум меча примиле 11 гола, а постигнале само 7. Тигрес пак, сезонава ретко губи на гости, претрпеле само еден пораз, додека победиле во пет меча и два пати ремизирале.
Предлог тип: X2 & 2-5 (2.22)