Кавај Ленард ноќеска ќе го пропушти петтиот меч од серијата меѓу ЛА клиперс и Јута џез поради повреда на десното колено.
Уште полошо за Клиперси е што не е познато колку време Ленард ќе паузира, што може да значи дека нема да се врати на паркетот до крајот на оваа полуфинална серија од Западната конференција. Без првата ѕвезда, Клиперси ќе мора на потешкиот начин да изборат уште две победи над Џезерите за да се пласираат во конференциското финале, каде што чека Феникс санс.
Инаку, Ленард во плејофот се истакна како најефикасен играч од целата лига со 30,4 поени по натпревар, учинок со кој ги водеше Клиперси до победа со 4-3 во серијата над Далас маверикс, а ѝ помогна на екипата да израмни на 2-2 против Јута во пресрет на петтата пресметка.