Клиперси и Сакраменто се растурија од давање поени и дојдоа на чекор до историја во НБА (Видео)

ЛА Клиперс и Сакраменто кингс одиграа неверојатен натпревар на кој постигнаа дури 351 поен по две продолженија. На крајот славеше Сакраменто со 176:175 по 58 минути игра притоа го одиграа вториот најефикасен натпревар во историјата на НБА лигата.

Рекордот го држат Детроит и Денвер кои во 1983 година постигнаа неверојатни 370 поени (186:184) од три продолженија. На полувремето беше 80:76 за Сакраменто, а во регуларниот дел, средбата заврши 153:153.

https://twitter.com/i/status/1629368847722594307

Малик Монк со 45 поени и Деарон Фокс со 42 поени беа најпрецизни кај Кралевите, додека на спротивната страна Каваи Ленард даде 44, а Пол Џорџ уфрли 34 поени.

Милвоки бакс е тимот кој игра во најдобра форма моментно во НБА Лигата и утринава ја забележа 13-та победа по ред.

Со триумфот, Милвоки се израмни со лидерот на Истокот, Бостон селтикс, двата тима имаат по само 17 порази, но Келтите имаат една победа повеќе (43). Последна жртва на Милвоки е конкурентот од Источната конференција, Мајами хит кој е совладан со 1128:99 и тоа без помошта на најдобриот играч, Јанис Адетокумбо.

Јанис кој се мачи со повредата на коленото, на теренот помина само четири минути и постигна два поени. Улогата на реализатор ја презеде Џру Холидеј кој постигна 24 поени. На спротивната стана најдобар беше Џиим Батлер со 23 постигнати поени.

Феникс санс со 124:115 ја совлада Оклахома сити тандерс и на најдобар начин го искористија поразот на ЛА Клиперс, се искачија на четвртото место во Западната конференција.

Навивачите на Феникс со нетрпение го очекуваат дебито на Кевин Дурант со кого Сонцата станаа инстант фаворит за пласман во големото финале. Дурант сè уште не игра поради повреда на коленото.

Најдобар во победата на Феникс беше Девин Букер со 25 постигнати поени, од кои една беше тројка. Тоа беше 1.052 тројка за Букер во дресот на Феникс со што го собори клупскиот рекорд кој го држеше Стив Неш.

Клеј Томпон беше расположен за шутирање и постигна дури 12 тројки за Голден Стејт вориорс во победата на неговиот тим од 116:101 над Хјустон. Томпсон упати дури 17 шутеви за три поени и промаши само пет, а натпреварот го заврши со 42 постигнати поени.

Резултати: Вашингтон – Њујорк 109:115, Атланта – Кливленд 136:119, Милвоки – Мајами 128:99, Чикаго – Бруклин 131:87, Минесота – Шарлот 113:121, Голден Стејт – Хјустон 116:101, Феникс – Оклахома сити 124:115, ЛА Клиперс – Саракементо 175:76.

- Оглас -

Најнови вести