Кошаркарите на ЛА лејкерс и на Филаделфија и по два меча во новата сезона во НБА-лигата, ја имаат почувствувано сласта на победата.
Во градското дерби, ЛА клиперс со 103:97 го совлада ЛА лејкерс откако двапати прокоцка предност од 15 поени разлика, но сепак на крајот ја оствари осмата победа по ред во меѓусебните дуели.
Клиперси доминираат во градските пресметки во последните десет години и имаат неверојатен скор од 33 победи и само седум порази.
Клиперси предноста од 15 поени ја имаа пред крајот на првото полувреме и на средината на третата четвртина, но Лејкерси успеаја да се вратат во двата наврати и да поведат.
LeBron James going FULL STEAM AHEAD for the SLAM… that's #MovementThatInspires! #KiaTipOff22 pic.twitter.com/kAYyyabwNB
— NBA (@NBA) October 21, 2022
Сепак, во финишот Клиперси успеаја да слават со одлична тимска игра, Пол Џорџ даде 15 поени, Кавај Ленард и Маркус Морис дадоа по 14, додека одличен беше и Ивица Зубац со дабл-дабл од 14 поени и 17 скокови.
Кај Лејкерси, најрасположени за игра беа Лони Вокер со 26, Ентони Дејвис со 25 и Леброн Џејмс со 20 поени и 10 скокови. Кошмарен натпревар одигра Расел Вестбрук, кој ги промаши сите 11 шута од игра и средбата ја заврши само со 2 постигнати поени.
Новата сезона со два порази ја отвора и Филаделфија, која утринава загуби од Милвоки бакс со 90:88. Филаделфија во последната четвртина имаше негатива од 13 поени, но успеа да се врати и во последните секунди од мечот имаше напад за победа, но Џејмс Харден не го погоди шутот за три поени.
Две секунди пред крајот, Ембид направи прекршок, по што Лопез го погоди првото, а намерно го промаши второто слободно фрлање, по што Милвоки ја запиша првата победа во новата сезона.
Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 21 поен и 13 скокови, додека Харден со 31 поен, од кои 16 во последната четвртина, беше најдобар кај Филаделфија.