Клинсман е феномен, по петти пат ќе седне на тренерското столче, а по третпат тоа ќе биде селекторско

Германецот Јирген Клинсман денеска е именуван за нов селектор на селекцијата на Јужна Кореја.

Фудбалската федерација на Јужна Кореја (КФА) соопшти дека Германецот идната недела ќе пристигне во Сеул, по што и официјално ќе биде промовиран како нов селектор, а дебито ќе има на 24 март на пријателскиот натпревар против Колумбија.

Клинсман доаѓа на местото на Пауло Бенто, кој си поднесе оставка по елиминацијата на Јужна Кореја од Бразил во осминафиналето на Светското првенство што минатата година се одржа во Катар.

Интересно е што Клинсман нема премногу големо тренерско искуство, досега само четири пати седнал на тренерското столче, а двапати тоа било селекторско. Тој ја предводеше Германија на СП 2006 година, а беше селектор и на САД, додека ги тренираше и бундеслигашите Баерн Минхен и Херта Берлин. Последен ангажман му беше на клупата на Херта во 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести