Клисман има свој фаворит за триумф на СП во Катар и тоа не е неговата Германија

Поранешниот германски селектор Јирген Клинсман, смета дека селекцијата на Бразил е најголем фаворит за титулата на претстојното Светско првенство што треба да започне на 20 ноември и ќе се игра до 18 декември во Катар.

Клисман кој како играч со тогашната Западна Германија ја освои титулата во 1990 година, а како селектор на Германија во 2006 година беше трет, го смета Бразил за главен фаворит за титулата, но не ги потценува неговите сонародници.

„Германија има добар, млад тим кој може да стигне далеку, дури и да триумфира. Но, мојот личен фаворит кој сакам да го гледам, посебно во квалификациите е Бразил. Импресиониран сум како играа во квалификациите во Јужна Америка кои се сметаат за најтешки“, вели Клинсман.

Според Германецот, сериозен фаворит за трофејот е и Аргентина за која последен пат на голем настан ќе игра Лионел Меси.

„Нормално, сите навивачи се прашуваат дали Меси може да и ја донесе титулата на Аргентина. Тоа е негова желба.Што е да се случи, не очекува супер интересно Светско првенство во Катар“, додаде Клисман.

- Оглас -

Најнови вести