Шеј игра како змеј, триесетките во НБА му се како шега

8536 Кливленд кавалирс – Шарлот хорнетс (НБА, 01.30 часот)

Кливленд имаше одличен старт и покрај почетниот пораз од Торонто во премиерниот натпревар од новата сезона.

Потоа нанижаа 8 победи по ред и веднаш се најдоа во редот на фаворитите за титулата.

Но, стасаа и повредите на кошаркарите, па сега Кавалирс се во низа од пет порази.

Двата големи адути Донован Мичел и Дариуш Гарланд не им играа на неколку натпревари, а од оваа сезона тоа е еден од најмоќните бековски тандеми во НБА лигата.

Сега се во строј, па Кливленд ќе се обиде да ја прекине серијата од порази.

Стршлените си имаат свои маки, а се слични со тие на Кливленд.

Поради повреди не им играат Бол и Хејворд, кои се стандардни членови на стартната петорка, а отсутни се уште два-тројца резервни кошаркари.

Тоа го прави Шарлот аутсајдер и се чини дека Кавалирс се големи фаворити и дека нема да кикснат.

Предлог тип: 1-1 (1.54)

 

8537 Филаделфија 76 – Милвоки бакс (НБА, 01.30 часот)

И во двата тима има доста отсутни кошаркари поради повреди уште на почетокот на сезоната.

Кај Филаделфија Харден не игра, а и отсуството на Коркмаз и на Тајбул е хендикеп.

Уште поголеми проблеми имаат Елените, а кај нив најавено е дека нема да настапат Мидлтон, Инглс, Метјуз, Ален, Холидеј и Конатон.

Тоа би значело дека на плеќите на Јанис Адетокумбо ќе биде главниот товар на гостувањето кај Џоел Ембид и соиграчите.

Гркот може да доминира, но тешко може сам да ги победи одличните 76-ки.

Во ваква ситуација дури се чини дека е подобро да се игра на мал број на поени поради отсуството на доста квалитетни кошаркари кај двете екипи.

Предлог тип: <219.5 поени (1.57)

 

8539 Чикаго булс – Орландо меџик (НБА, 02 часот)

Чикаго булс конечно неколку меча по ред во составот го има Ол-стар триото, ДеРозен, Лавињ и Вучевиќ, но чудно не победува.

Биковите имаат три порази по ред и тоа убедливи со двоцифрена разлика, а имаат одличен тим.

Ретко која екипа има три Ол-стар формати во стартната петорка, а тоа го има Чикаго.

Сега им е шанса да ја прекинат незгодната низа од порази, против еден од послабите тимови во НБА каков што е Орландо меџик.

Гостите се десеткувани со повреди, а нема да им игра првиот пик на драфтот Банкеро, кој одлично се снајде на почетокот од сезоната, потоа и Кол Ентони, Фулц, Ајзак, Вагнер, веројатно и Картер и Херис, што би е огромен хендикеп и за многу посилни екипи.

Предлог тип: 1<220.5 поени (2.65)

 

8495 Шеј Гилџиус-Александер (НБА, Мемфис – Оклахома, 02 часот)

Најдобриот кошаркар на Оклахома сити тандер конечно стана и вистински лидер, а игра прекрасно на почетокот на новата сезона.

Се очекуваше Оклахома да биде еден од најслабите тимови во НБА, но Грмотевиците се сосема солидни со 7 победи и 8 порази предводени од Шеј.

Според просекот на поени, а тој му е 32.3, Гилџиус-Александер е на делба на третото место во Лигата, заедно со Џоел Ембид.

На последните три натпревари Шеј двапати постигнуваше по 37 поени, а пред две ноќи со 42 поени го наполни кошот на Вашингтон визардс.

Во форма е, игра импресивно и ќе типуваме дека пак ќе ја мине границата од 31 поен.

Предлог тип: >31.5 поени (1.90)

 

8200 Ванкувер канукс – Лос Анџелес кингс (НХЛ, 04 часот)

Кралевите имаат одлична најава за добра сезона и моментно се на второто место во Западната конференција во НХЛ, зад лидерот Вегас голден најтс.

Тимот од Лос Анџелес е во топ-форма и има пет победи на последните шест дуели, а сега и ривалот им е по мерка за да продолжи убавиот тренд.

Ванкувер е претпоследен со 13 бода, дури 10 помалку од Кингс, а Канаѓаните и не играат добро.

Примија дури 70 гола на 17 меча, или во просек над четири гола по меч, што не е малку и е втор најлош ефект во Западната конференција.

Работите во НХЛ лигата која е најсилна на свет тешко се менуваат во од, па проблемите во дефанзивата на Ванкувер ќе ги искористи и Лос Анџелес и ќе си замине без пораз.

Предлог тип: Х2 (1.51)

 

- Оглас -

Најнови вести