Кливленд и Феникс го возвратија ударот, Бостон е пресилен за Атланта (Видео)

Екипата на Бостон поведе со 2-0 откако и вторпат ја совлада Атланта со 119-106 и е пред пласман во следната фаза. Атланта го диктираше темпото само во првата четвртина, но потоа Бостон заигра сигурно и до крајот на мечот не дозволи никакво изненадување. Најефикасни на паркетот беа Тејтум од Бостон и Мареј од Атланта со по 29 поени.

Кливленд и Феникс израмнија на 1-1 во серии против Њујорк, односно ЛА клиперс. Кливленд забележа победа од 107-90, додека Феникс со победата од 123-109 ги задржа шампионските амбиции за оваа сезона.

Убедливо најпрецизен на теренот беше Букер од Феникс со 38 поени, додека на спротивната страна најмногу поени постигна Ленард, 31.

- Оглас -

Најнови вести