Плејофот во НБА-лигата влезе во најчувствителната фаза – петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција меѓу Денвер и Оклахома се игра вечерва од 03:30 по полноќ. Серијата е израмнета, 2-2 во победи, а она што следи може да донесе пресврт.
Оклахома успеа да направи брејк и да го врати балансот во серијата со победа во Денвер (87-92). Шеј Гилџес-Александер, кој токму вечерва би можел и официјално да биде прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната, го води својот тим со огромна самодоверба и поддршка од домашната публика.
Никола Јокиќ на четвртиот натпревар постигна 27 поени и 13 скока, но неколку промашени слободни фрлања во финишот го чинеа Денвер евентуален пресврт. Српскиот центар овој плејоф го игра речиси во нереално темпо – дури 39,8 минути по натпревар, што е рекорд во неговата кариера. Се чувствува заморот, особено по долгата серија со Клиперс, а длабочината на клупата на Денвер станува очигледен проблем.
Ако Денвер сака да ги задржи шампионските амбиции, мора да покаже повеќе.
Според квотите, Оклахома е голем фаворит, а фаворитска улога има и Кливленд кавалирс, кој на домашен терен ја пречекува Индијана пејсерс, иако губи со 1-3 во победи.
Покрај стандардните квоти, во Полноќниот експрес на Sport Life подготвена е понуда и за индивидуалниот ефект на кошаркарите, за поени, асистенции, скокови и постигнати тројки.
