Кошаркарите на Кливленд се на чекор до „метла“ и пласман во конференциското полуфинале, откако забележаа победа против Мајами и на гостински терен. Кливленд на домашен терен победуваше со девет, односно 21 поен, но сега на гостувањето победи со преубедливи 87-124, односно 37 поени разлика.
Победникот беше решен уште во првата четвртина, кој им припадна на гостите со 20-33, а таа предност се зголеми за дополнителни седум поени до полувремето, па на паузата се замина со резултат 42-62.
И наредните две четвртини им припаднаа на кошаркарите на Кливленд, кои буквално немаа милост за противникот, иако шанса за настап добија сите кошаркари, за што говори и фактот дека гостите имаа шест двоцифрени кошаркари, а во листата со стрелци се запишаа вкупно девет играчи, а четвори иако играа, не успеаја да постигнат поен(и).