15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Кливленд водеше 26 разлика па загуби, Далас ја доби драмата против Хјустон (Видео)

Дури 13 натпревари се одиграа во НБА-лигата, а неколку средби беа неизвесни до последната секунда. Лос Анџелес клиперс покажаa победнички карактер и на домашен терен и славеа со 120:118 против Кливленд во меч на кој гостите испуштија голема предност.

На полувремето Кливленд водеше со 80:59, а во третата четвртина гостите стигнаа и до 26 разлика (94:68), но и тоа не беше доволно да победат. До крајот на третата четвртина, Клиперс намали на 12 разлика (98:86), а како што одминуваше времето, домаќините ја намалуваа негативата за да стигнат и до водство од 118:115. Гостите израмнија, а Пол Џорџ погоди на 7 секунди до крајот за триумф на Клиперс.

https://twitter.com/i/status/1777093575827726817

Далас го победи Хјустон во меч на кој исто така имаше пресврт. Гостите поведоа од првиот момент, имаа предност од 42:27 и беа во позитива до пред самиот крај. Далас првпат поведе со 121:120, а потоа Хјустон водеше со 129:126 и гостите имаа слободно фрлање за да стигнат до четири поени предност, но промашија. Далас имаше осум секунди да даде тројка и успеа кога Ексум погоди со звукот на сирената за 129:129.

Во дополнителните пет минути Далас заигра многу подобро и на крајот славеше со 147:136.

https://twitter.com/i/status/1777098331237269732

Резултати: ЛА клиперс – Кливленд 120:118, Далас – Хјустон 147:136 по продолжение, Индијана – Мајами 117:115, Бостон – Портланд 124:107, Шарлот – Оклахома 118:121, Орландо – Чикаго 113:98, Феникс – Њу Орлеанс 105:113, Торонто – Вашингтон 130:122, Милвоки – Њујорк 109:122, Сан Антонио – Филаделфија 126:133, Бруклин – Сакраменто 77:107, Голден Стејт – Јута 118:110, ЛА лејкерс – Минесота 117:127.

- Оглас -

Најнови вести