Кливленд и Њујорк лесно ќе ја минат границата 200 во НБА

8394 Кливленд кавалирс – Њујорк никс (НБА, 01 часот)

Кливленд и Њујорк се кандидати за настап во плејофот, а моментно подобро на табелата стојат Кавалирс на петтото место во Источната конференција со биланс 28-19, додека Никс се десетти со скор од 23-24.

Домаќините играат добро и покрај големите проблеми со повреди на клучните кошаркари.

Секстон не игра одамна, Рубио исто така е надвор од редовите, а неизвесен е и настапот на Марканен и на Рондо.

Њујорк нема такви проблеми и во комплетен состав само без Роуз ќе се обиде да победи во Кливленд.

Границата за поени е ниска за НБА-меч и типуваме дека ќе биде надмината границата од 200 поени.

Предлог тип: >199,5 поени (1,63)

 

8464 Шаи Гилџиус-Александер (Оклахома – Чикаго, НБА, 02 часот)

Оклахома влезе во лош ритам и има пет порази по ред, или 10 на последните 11 натпревари.

Шеи Гилџиус-Александер, кој е Олстар калибар се обидува да го извлече тимот од криза, игра одлично, но засега без ефект за Оклахома, тим кој речиси сигурно ќе го пропушти плејофот во силната Западна конференција во НБА-лигата.

Сепак, вреди да се одигра на плус поени на Гилџиус-Александер, кошаркар кој лесно ја минуваше поставената граница на пет од последниет 7 натпревари во НБА-лигата.

Предлог тип: >24,5 поени (1,87)

 

8395 Њу Орлеанс пеликанс – Индијана пејсерс (НБА, 02 часот)

Индијана се мачи со повреди на главните адути, па ноќеска нема да играат Сабонис, Тарнер, Мек Конел и одамна повредениот Ворен.

Можно е да отсуствува и Карис Леверт, кој се жали на повреда на листот на ногата што би бил огромен хендикеп за и онака десеткуваната екипа на Пејсерс.

Њу Орлеанс има солиден тим и е во конкуренција за настап во плејофот, па ќе ја искористи стиуацијата кај ривалот и ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.74)

 

8402 Феникс санс – Јута џез (НБА, 03 часот)

Дербито на Западната конференција ќе мине без еден од најдобрите кошаркари во НБА, Донован Мичел.

Бекот на Јута нема да игра поради потрес на мозокот, што е огромен хендикеп за тимот.

И кај Феникс ќе недостасува центарот Деандре Ајтон, но Сонцата можат да ја покријат позицијата со Џавак Мекги, кој е искусен кошаркар.

Со победа Феникс ќе се зацврсти на првото место во Западната конференција и ќе остане единствената екипа со едноцифрен број на порази, 9, во НБА-лигата.

Јута може да парира, но многу ќе им недостасува најдобриот кошаркар и стрелец Мичел, па ќе типуваме на победа на Феникс во меч со помалку од 222 поени.

Предлог тип: 1<221,5 поени (2.55)

 

1616 Бостон бруинс – Анахејм дакс (НХЛ, 01 часот)

Бостон лесно го победува Анахејм во последно време и има низа од три успеси, сите со минимум два гола разлика.

Бруинс се во одлична форма и победија во НХЛ на 7 од последните осум натпревари. Имаат одличен и искусен тим што ќе биде тврд орев за сите екипи и во доигрувањето за титулата.

Анахејм е во криза и има четири порази на последните пет меча, а гостувањата кај Бостон за нив се мошне незгодни.

Најавено е дека гостите ноќеска ќе играат најмалку без седуммина хокеари, а уште двајца се неизвесни, што е хендикеп кој искусната екипа на Бостон ќе знае да го искористи.

Предлог тип: 1 (1.74) Супер тип на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести