25.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Клоп бара да му се јави некој евтин, но квалитетен стопер

Ливерпул конечно ја прекина лошата низа и се израдува на првата победа во Премиер лигата во 2021 година. Шампионот имаше пост од речиси 500 минути без даден гол во првенството, а таа лоша низа ја прекина Роберто Фирмино со погодокот на гостувањето кај Тотенхем во финишот од првото полувреме.

Предноста од полувремето, Ливерпул на крајот ја претвори во победа од 3:1, а по завршувањето на дуелот, тренерот на гостите Јирген Клоп потенцираше за тоа како неговиот тим игра без класичен стопер, бидејќи сите играчи кои ги има на тие позиции се повредени.

Против Тотенхем, поради повреда мораше да биде заменет и Жоел Матип, кој заработи повреда на глуждот на ногата. На местото на Матип влезе Натаниел Филипс, кој сезонава има само три настапи за Ливерпул и играше во стоперската линија заедно со уште еден играч од средниот ред, Џордан Хендерсон.

„Неверојатно е тоа што ни се случува. Мораме да најдеме нов стопер. Ако знаете некој што е евтин, а квалитетен, веднаш да ми пратите порака кој е“, рече Клоп по победата над Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести