Рубен Винагре игра одлична сезона во Вулверхемптон и заедно со популарните „волци“ е еден од хитовите во Премиер лигата, па го привлекува вниманието на големите екипи.
Прв реагираше Јирген Клоп, кој го забележа младиот Португалец во нотесот како потенцијално засилување за летниот преоден рок.
Ендрју Робертсон е неприкосновен на левата бековска позиција кај Ливерпул, но Клоп сака да ја засили конкуренцијата на таа страна.
Винагре има само 19 години и е голем потенцијал, а одигра 14 меча за Вулверхемптон сезонава. Ги засили „волците“ минатото лето, кога пристигна на „Молино“ од Монако.