Клоп бара пари за засилувања, но газдата на Ливерпул тешко дека ќе му ја исполни желбата

Сопственикот на Ливерпул, Џон Хенри изјави дека заедно со неговите партнери налето паметно ќе инвестираат во клубот. и нема да се расфрлаат со пари.

„Продолжуваме да го развиваме Ливерпул на одговорен начин. Видовме многу клубови, вклучувајќи го и Ливерпул во минатото, како одат по неодржливи патишта. Имаме и ќе имаме фокус мудро да инвестираме во трансфери и остануваме горди на актуелниот тим“, изјави Хенри во интерју за весникот „Ливерпул Ехо“.

Овие зборови на Хенри, навивачите на Ливерпул ги протолкуваа како негативен одговор на барањето на менаџерот Јирген Клоп, управата да вложи големи средства во летниот преоден рок.

Клоп се надеваше дека ќе добие доволно срества, се шпекулираше со сума помеѓу 250 до 300 милиони евра, за да тргне по потписот со Џад Белингам, Мејсон Маунт, Матеус, но изјавата на сопственикот на Ливерпул, може да значи дека нема да му бидат исполнети сите желби на Германецот.

- Оглас -

Најнови вести