Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека неговите фудбалери мора да покажат реакција и напредок во играта, во претстојното премиерлигашко дерби против Арсенал.
Германецот исто така за неделниот меч со Топчиите кој ќе се игра на „Енфилд“ бара поддршка и од навивачите.
„Не знам што може да се каже за нас во овие моменти. Играме на „Енфилд“, домаќини сме и мора да покажеме реакција“, изјави Клоп.
Големото дерби ќе се игра в недела во рамки на 30-то коло во Премиер лигата. Арсенал моменто е лидер на табелата со 72 бода, осум повеќе од Манчестер сити кој има и натпревар помалку, додека Ливерпул е осми со 43 бода.
„Мора да им помогнеме на играчите, а на натпреварите кои ги играме на домашен терен, големо засилување може да ни бидат навивачите“, додаде Клоп.