На неколку меча сезонава на коишто играше Ливерпул, ВАР-системот директно одлучуваше за конечниот резултат. Најчесто одлуките на ВАР беа на штета на англискиот гигант, а тренерот Јирген Клоп неколкупати негодуваше поради милиметарските разлики кои едвај се забележуваа и со помош на технологијата.
На синоќешното гостување на Ливерпул кај Митјиланд, ВАР-системот поништи по еден гол на двата тима, а германскиот стратег вели дека премногу долго се чека за да се види точната одлука и тоа е лошо за фудбалот.
„Целата работа премногу долго трае. Секоја ситуација се проверува по пет минути, а надвор е ладно и тоа претставува проблем. Јас бев еден од оние кои го поддржуваа ВАР-системот, но сега веќе не сум сигурен. Сепак, сега е тука и мора да се соочиме со тоа“, вели Клоп.