31.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Клоп: Би сакал Манчестер јунајтед да победеше со 5-0 во претходното коло

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, верува дека Манчестер јунајтед в понеделник против Ливерпул ќе има дополнителна мотивација бидејќи во првите две кола не освои ниту еден бод и ќе сака што побрзо да побегне од последното место на табелата.

Јунајтед во минатото коло загуби со 0-4 од Брентфорд, а во претходната сезона Ливерпул двапати го победуваше убедливо Јунајтед, со 5-0 и 4-0.

„Би претпочитал да игравме против нив откако победиле со 5-0 на претходниот меч. Вака поразите од нас минатата сезона и на стартот на сезонава им помагаат да бидат многу помотивирани. Против Манчестер никогаш не е лесно. И подготовката за мечот е тешка. Можеби нема да сменат ништо, но можеби ќе сменат сè“, изјави Клоп.

- Оглас -

Најнови вести