Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше измешани чувства по ремито од 2-2 против Арсенал во дербито на Премиер лигата.
Германецот мисли дека неговиот тим бил блиску до пресврт и победа, но им се повторила историјата со примање на два гола од првите две шанси.
„Цела сезона се случува истото, противникот стигна до голови од првите две шанси. Ние реагиравме добро, на крајот беше одлично отворен меч. Уште не можам да сфатам како не победивме. Ниту се радувам, ниту сум разочаран. Чувствата ми се измешани. Арсенал играше добро, но требаше да загуби. Бодот е успех за нив“, смета Клоп, кој не е среќен што утнале чисти шанси, но барем Црвените не се предадоа по негативата од 0-2.