Клоп до судијата на дуелот против Тотенхем: Единствено со тебе имам проблем! (Видео)

Ливерпул одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај Тотенхем во меч со многу спорни моменти. Тотенхем прв даде гол, а потоа Ливерпул направи пресвет за 2:1. Сепак, Тотенхем не се предаде и со голот на Сон стигна до 2:2 и му откина два бода на Ливерпул во трката за титулата.

На 15 минути пред крајот, Робертсон доби црвен картон и Ливерпул заврши со играч помалку, а тренерот на гостите, Јирген Клоп, му беше лут на судијата Пол Тирни. Според Клоп, во првото полувреме арбитерот требало да му даде црвен картон на Кејн за опасен старт, но капитенот на Тотенхем доби само жолт картон, за разлика од Робертсон, кој беше исклучен во слична ситуација.

„Кејн дефинитивно требаше да добие црвен картон. Ако ногата на Робертсон беше на земја, сега ќе му беше скршена. За среќа на двајцата, ногата беше во воздух, но сепак тоа уште е старт за црвен картон. Само судијата виде дека не е за исклучување. Чудно е и како немаше пенал врз Диого Жота“, револтирано коментираше Клоп по мечот.

Тренерот на Ливерпул не издржа и директно на судијата Тирни му ги кажа забелешките кои ги имаше на неговото делење на правдата. „Немам проблеми со ниту еден од другите судии. Само со тебе“, му рече Клоп на Тирни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести