Клоп е легенда, ја нападна УЕФА: Кој ги знае дали ме бројат и мене за влезница на стадион за финалето во Лигата на шампионите

Јирген Клоп ги подржа навивачите на Ливерпул кои бараат од УЕФА повеќе билети за финалето во Лигата на шампионите против Реал во Париз на 28. мај.

Симпатизерите на англискиот тим се жалат и на скапите влезници, што го потврди и Клоп со интересна изјава.

„Ова е хаос, ништо не се знае. Сите бараат влезници и како ништи не се знае засега, којзнае дали од УЕФА ме сметаат и мене, да бидам на стадионот во Париз. Билетите се скапи, а прашање е ако навивачите на двата тима добијат по 20 илјади билети, за кого се останатите 35 илјади“ вели Клоп.

Навивачите на Ливерпул испатија писмо до УЕФА, со кое се жалат дека ќе нема доволно билети за нив, со оглед на интересот што владее за финалниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести