Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, денеска изјави дека не знае колку е сериозна повредата на Мохамед Салах кој се повреди на дуелот од Африканскиот куп на нации на неговиот Египет против Гана.
Салах во завршницата од првото полувреме, одеднаш се фати за ногата и побара измена, а медиумите пишуваат дека можеби станува збор за тетивата, што го загржува Ливерпул.
„Ништо не знаеме, синоќа разговарав со него, но потребно е да се извршат дополнителни прегледи. Тоа моменто се прави и потоа ќе знаеме повеќе. Повредата е шок за сие нас, сите знаеме колку ретко Салах го напушта теренот поради повреда, така што ова може да е сериозно“, изјави Клоп.
германецот не ја отфрла можноста во Брегот на Слоновата коска да замине лекарскиот тим на Ливерпул и да ја презеде грижата за лекувањето на Салах.
„Ќе видиме, се ќе зависи од резултатите од деталните прегледи“, додава Клоп.