Убедливиот пораз од 2:5 од Реал Мадрид во првиот осминафилен натпревар во Лигата на шампионите, како и слабите игри и резултати на Ливерпул сезонава, ги натераа челниците и сопствениците на Црвените да одржат состанок на кој главна тема била судбината на Јирген Клоп.
Ливерпул сезонава игра очајно, испадна од двата англиски купа кои ги освои минатата сезона, се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите, а игра лошо и во Премиер лигата, каде што се наоѓа на осмото место на табелата и има седум бода помалку од позицијата која носи пласман во ЛШ.
FSG are the problem not Klopp but this will be another manager they throw under the bus the only thing that is “samesy” is their pathetic sell to buy policy #FSGOUT https://t.co/7rvShsVVXF
— AlanLFC (@alan_lfc1892) February 22, 2023
Челниците на Црвените го гледаат Клоп како главен виновник за слабите резултати и сметаат дека е потребен нов тренер. Засега не е познато дали Клоп ќе ја заврши сезоната како тренер на Ливерпул и дали би добил отказ или сам би си поднел оставка.
Како главни наследници на Германецот се споменуваат легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, како и актуелниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.
Клоп од 2015 година седи на клупата на Ливерпул и со Црвените триумфира во Лигата на шампионите, двапати играше во финалето и освои една титула во Премиер лигата.