Клоп ги искара навивачите на Ливерпул: Ако не сте во форма, дајте му го билетот на друг

Ливерпул со синоќешната победа од 5:1 над Вест хем обезбеди пласман во полуфиналето на Лига купот, но менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, не е задоволен од атмосферата на „Енфилд“.

„Секогаш зборувам со епитети за навивачите на Ливерпул. Против Вест хем имавме најголем број навивачи во последните 60-70 години, но ова беше најтивката публика која сум ја видел. Во првото полувреме моите фудбалери играа одлично, но не бев задоволен од атмосферата. Ги прашав луѓето што е тоа што го сакаат? Променивме многу работи, но доминиравме на теренот како луди, промашувавме и погодувавме“, изјави Клоп.

Германецот очекува оваа ситуација да се смени и „Енфилд“ повторно да грми в недела, кога доаѓа лидерот на табелата во Премиер лигата, Арсенал.

„Арсенал не играше оваа недела и сите кои знаат барем нешто за нив, знаат дека ќе дојдат подготвени. Потребно ни е сите на „Енфилд“ да бидат на очекуваното ниво и без мојата кавга со тренерот на Арсенал. Ако во декември има премногу фудбал за вас и ако не сте во форма, вашиот билет дајте го на некој друг“, додава Клоп.

- Оглас -

Најнови вести