Клоп ги изненади сите: „Јас немам нерви за тебе“ (Видео)

Екипата на Ливерпул во фантастичен натпревар беше елиминирана од Манчестер јунајтед во четвртфиналето од англискиот ФА куп со 4-3 по продолженијата. Тренерот на Црвените од „Енфилд’ по натпреварот одговараше на прашањата на норвешки новинар, кој го праша дали притисокот на екипата е причината за поразот, а Клоп ги изненади сите со однесувањето, но и со одговорот.

Германецот едноставно си замина и не сакаше да одговори на прашањето, туку само прокоментира: „Очигледно не си во добра форма и немам нерви за тебе“. Очигледно беше разочарувањето кај тренерот на Ливерпул по поразот откако неговата екипа двапати имаше водство и беше пред победа.

- Оглас -

Најнови вести