Клоп ги разочара навивачите: Нема да биде селектор на Германија

Репрезентација на Германија по домашниот пораз од Јапонија со 1-4, остана без селектор откако по низата од пет натпревари без победа, Фудбалскиот сојуз одлучи да му врачи отказ на Ханси Флик.

Германците на дуелот против Франција од клупата беа предводени од Руди Фелер, кој е само привремено решение додека не се назначи нов селектор. Желбата на сите во Германија е на клупата да седне Јирген Клоп, но од неговиот агент стигна експресен одговор.

„Јирген има долгорочен договор со Ливерпул и не е достапен за тренерската позиција“, вели агентот на Јирген Клоп, Марк Косике.

Фудбалскиот сојуз на Германија останува во потрага по вистинското решение за испразнетата селекторска позиција. Голем број тренери се нудат, но тие сакаат да го пронајдат вистинското решение со оглед на тоа дека Германија ќе биде домаќин на Европското првенство кое ќе се одржи следната година.

- Оглас -

Најнови вести